Легализирани близу 2.000 дивоградби

Bez autora
Jul 03 2011

Речиси 2.000 граѓани си го решија правниот статус на своите диво изградени објекти и ги легализираа за едно евро од квадратен метар. Од вкупно поднесени 40.758 барања за легализација, досега се решени 1.865 бесправни објекти. Ова вчера го истакна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, апелирајќи до граѓаните и до фирмите да не го чекаат последниот момент за да поднесат барање за легализирање на објектите, па дури и да ги немаат обезбедено сите неопходни документи. Доколку со барањето не се поднесат сите потребни документи, односно некој од документите недостасува, тој може дополнително да се достави додека важи Законот, односно во период од 6 години, по што постапката за легализација ќе продолжи и при одлучувањето ќе се земат предвид сите доставени документи.

Легализирани близу 2.000 дивоградбиРечиси 2.000 граѓани си го решија правниот статус на своите диво изградени објекти и ги легализираа за едно евро од квадратен метар.

Од вкупно поднесени 40.758 барања за легализација, досега се решени 1.865 бесправни објекти. Ова вчера го истакна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, апелирајќи до граѓаните и до фирмите да не го чекаат последниот момент за да поднесат барање за легализирање на објектите, па дури и да ги немаат обезбедено сите неопходни документи.

„Доколку со барањето не се поднесат сите потребни документи, односно некој од документите недостасува, тој може дополнително да се достави додека важи Законот, односно во период од 6 години, по што постапката за легализација ќе продолжи и при одлучувањето ќе се земат предвид сите доставени документи“, рече Јанакиески на вчерашната прес-конференција.

Тој ги повика граѓаните да поднесат барање што поскоро, а не во последните 10-ина дена, бидејќи во државава има над 300.000 дивоградби, па геодетските фирми не се во можност брзо да изготват толку голем број елаборати. Јанакиески потенцираше дека по 3 септември, кога истекува законскиот рок, нема да може да се легализираат објектите за кои не е доставено барање и со нив ќе се поставува согласно со законот.

Инаку, досега најмногу барања има поднесено во скопските општини. Лидер е Општина Аеродром каде што се пристигнати 4.200 барања, потоа Гази Баба со 3.750 и Кисела Вода со 3.092 барања. По повеќе од 1.000 апликации се поднесени во општините Чаир, Бутел и Карпош. Во општините надвор од Скопје најмногу барања за легализација има поднесено во Прилеп - 2.500, каде што има и најмногу издадени решенија, дури 160. Според бројот на издадени решенија, потоа следуваат општините Гевгелија со 140 решенија, Кочани 130 и Кисела Вода со издадени 128 решенија.

Министерството за транспорт и врски испратило барање до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) во наредниот период да ангажираат дополнителен број вработени со цел да се зголеми бројот на примени апликации.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik